Погледнете како изгледа ледениот град во Москва
Ледени куќи, бродови и други скулптури направени од мраз, се дел од несекојдневната уметничка галерија поставена во паркот Сокољники во Москва, симболично наречена „Град од мраз“.
Руските скулптори се потрудиле во ледениот град да издлабат домови, кревети, столици, маси, ормани, вазни и многу други облици. Вниманието на посетителите најмногу им го привлекла ледената пирамида, во чие средиште се наоѓа мумија на египетскиот фараон Рамзес II.
Преку ден, внатрешноста на ледената куќа ја красат весели плакати, а навечер кога сонцето заоѓа, се приредуваат претстави со разнобојни светла. И покрај големиот студ, бројните посетители го сметаат ледениот град за многу забавен. Сите одлично си поминуваат, а секако радоста е најмногу изразена кај децата.
Еден од скулпторите на ледениот град, Александар, рекол дека е многу задоволен од посетеноста и реакциите на домашните и странските туристи. Тој во паркот Сокољники во Москва, во последните неколку години, во зимскиот период приредувал фантастични спектакли.
Креираните скулптури од лед, ќе останат во паркот сè додека не се затопли времето и тие ќе се стопат под дејство на сончевата топлина.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.