Погледнете ја оваа прекрасна книжарница на отворено во Санторини
Една од најубавите книжарници на отворено се наоѓа во Грција на островот Санторини. „Атлантис букс“ се наоѓа на главната мермерна улица во Санторини. Основана е во 2004 година од страна на група пријатели од Кипар, Англија и Америка. Тие решиле да ја отворат откако забележале дека во близина нема продажба на книги напишани на странски јазици.
Денес во книжарницата се продаваат книги од различни жанрови на многу јазици, вклучувајќи ги грчкиот, англискиот, шпанскиот, кинескиот, германскиот и италијанскиот. Исто така, таа претставува место каде што се одржуваат литературни фестивали, филмски проекции, читање книги, танцови и други случувања.
Во последните години почнале да продаваат и антикварни книги како и први колекционерски едиции, а печатат и нивни книги благодарение на издавачката опрема што ја поседуваат. Книжарницата е отворено секојдневно и ги очекува своите посетители. Погледнете ги следниве фотографии од прекрасната книжарница сместена на островот Санторини во селото Оја…