Погледнете ги најдобрите фотографии под вода за 2016 година
Тешко е да се направат добри фотографии под вода, затоа и ги нема во толкав број. Малкумина фотографи го имаат потребното знаење и вештини за да успеат да ги доловат најголемите длабочини на океанот, без оглед на квалитетот на опремата.

Мали сребрени рипчиња формираат вртлог околу мангровите дрвја
Дејвид Дубилет и Брајан Скери се едни од најуспешните фотографи и нуркачи. Дубилет ги направил неговите фотографии додека работел на проект поврзан со екосистемите на бреговите на Куба. Скери, пак, пливал со ајкули на Бахамите. Останатите фотографии се на Чарли Хамилтон Џејмс и тие ги покажуваат дивите дабари во движење, како и усната празнина на пастрмката.

Змијозабата ајкула може да распарчи секакви цврсти предмети, од оклопи на желки па сѐ до професионални апарати
Следниве подводни фотографии покажуваат една друга страна на планетата Земја, досега невидена. На нив ќе можете да видите многу ретки животни и растенија до кои навистина е тешко да се дојде. Не треба ни да се занемари фактот дека реткиот подводен живот е најважната животна форма што постои во светот. Според многу експерти, ние зависиме од здравјето на водните површини и ако ги заштитиме нив, ќе се заштитиме и себеси. Првиот чекор ќе го направиме доколку погледнеме што се крие во нивните длабочини. Погледнете ги овие неверојатни фотографии и дознајте какви чуда крие подводниот свет…