Поглед кон расцветано црешово дрво кој испраќа важна порака
Во Онахама, Јапонија, многу училишта останаа празни по големиот земјотрес во март, 2011. Средното училиште „Iwaki Sogo“ е едно од напуштените училишта, но сепак прозорецот во една од училниците нуди прекрасна глетка, која испраќа многу важна порака.
Училницата е потполно пуста, и единствена убава слика е погледот надвор кон расцветаното црешово дрво.
Но дали тоа навистина е црешово дрво?
Доколку го погледнете одблизу, „црешовото дрво“ изгледа како слика од вашите најстрашни кошмари. Но, вистината е всушност многу поубава и не толку страшна како што ви се чини од блиску.
Ова е дел од проектот Okurie, во кој учениците цртаат разни слики или оставаат еден вид нивен отпечаток во знак на почит кон местото каде го стекнале основното знаење за животот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
баш креативно