Поетични фонтани со креативен дизајн кои изгледаат како бајковити каскади
Овие прекрасни дрвени и бронзени скулптури зрачат со смиреност која ја надополнува бескрајната течна вода што тече од нивните коси, зглобови и облека. Создадени од полската артистка Малгорцата Чодаковска, секое делче е совршено балансирано со фини линии и енергетска тензија која говори за мајсторството и вештината на артистот.
Водните фонтани честопати се употребувале како симбол за вечноста, младоста и идејата на бесконечното изникнување од ништо. Затоа, беспрекорниот дизајн на овие фонтани изгледа како совршениот носител на овој витален елемент.
Светли и младолики, прекрасните скулптури трансмитираат моќ и безгранична женствена енергија исполнета со вигор и живот. Секој дел од каде што излегува водата поетично ја надополнува фигурата или фигурите, додавајќи им стил на приказната и емоцијата.