Плетен зеленчук
Автор: Бојана
Љубителите на плетените ракотворби сигурно ќе бидат воодушевени од делата на оваа талентирана Јапонка. Јунг Јунг е родена во 1970 година. Таа вели дека уште како дете сакала да црта и да слика, но првпат започнала да се дружи со иглите за плетење на 11-годишна возраст.
По дипломирањето на Универзитетот за уметност Мусасино во Токио и по работата на различни работни места, одлучува професионално да се занимава со изработка на плетени модни додатоци. Во 2002 година влегува во светот на модата и започнува да работи за јапонскиот дизајнер Ери, сè до 2006 година кога одлучува да ја продолжи кариерата самостојно. Во 2008 година ја објавува нејзината книга „Плетени растенија“ (Ito-ami-plants).
Во продолжение се неколку од нејзините феноменални дела. Повеќе за нејзината работа може да видите на нејзиниот веб-сајт.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Извонредно!