Планинско одморалиште од иднината
Во блиска иднина австриски архитекти од студиото „Coop Himmelb(l)au“ ќе почнат да градат планинско одморалиште во Кина. Грандиозниот проект наречен „Dawang Mountain Resort Changsha“ ќе биде распослан на 120 илјади квадратни метри, а во него ќе има хотел, неколку ресторани, шопинг центри, парк и висечки градини.Ова ново и интересно место за одмор ќе биде сместено во еден веќе постоечки каменолом. Одморалиштето ќе се протега од едната до другата страна на каменоломот како мост, а под него се наоѓа едно мало езеро. Одделната кула е наменета за хотелот со пет ѕвезди, во кои ќе има околу 350 соби.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.