Петте највисоки облакодери во светот

Петте највисоки облакодери во светот

Облакодери кои се издигнуваат над нивото на градот…

1. Бурџ Халифа

  • Локација: Дубаи, Обединети Арапски Емирати
  • Архитект: Адриан Смит
  • Година на отворање: 2010
  • Височина: 828 метри
  • Катови: 169

Петте највисоки облакодери во светотБурџ Халифа“ што во превод би значело „Кулата на калифот“ со своите 828 метри височина неприкосновено се наоѓа на врвот на оваа листа. Започна да се гради во 2004 година, а нејзиното официјално отворање се одржа на 4 јануари 2010 година. Објектот  има 169 ката (1044 стана) а може да се пофали и со два огромни  базени кои се наоѓаат  под отворено небо, џамија која се наоѓа на врвот на зградата и хотел кој го носи името на светски познатиот бренд „Армани“. За изградбата на овој објект беа потрошени 1,6 милијарди американски долари, а во неговата изградба учествуваа повеќе од 7.500 работника.

2. Тајпеј 101

  • Локација: Тајпеј, Тајван
  • Архитект: Чанг Јонг Ли
  • Година на отворање: 2004
  • Височина: 509 метри
  • Катови: 101

Петте највисоки облакодери во светот„Тајпеј 101“ своето име го добива според бројот на катови и местото каде што се наоѓа. Конструирана е да издржи земјотрес посилен од 7 степени според Рихтеровата скала а архитектите велат дека би издржала и терористички напад сличен на оној од 2001 година во Њујорк над кулите „Близначки“. Започна да се гради во 1999 година а за нејзината изградба беа потрошени 1,8 милијарди американски долари. Зградата е предвидена како огромен деловен простор кој собира околу 13.000 луѓе и голем трговски центар. Интересно е тоа што во објектот се инсталирани 34 лифтови кои се движат со неверојатна брзина од 60 километри на час, што претставува апсолутен рекорд.

3. Шангајскиот светски финансиски центар

  • Локација: Шангај, Кина
  • Архитект: Минору Мори
  • Година на отворање: 2008
  • Височина: 492 метри
  • Катови: 101

Петте највисоки облакодери во светотШангајскиот светски финансиски центар започна да се гради во 1997 година, но поради финансиската криза која го зафати Азискиот континент кон крајот на минатиот век проектот беше неколку години во застој, при што претрпе и неколку измени на дизајнот на зградата. Првично било замислено на врвот да има голем кружен отвор кој би го намалувал притисокот од ветерот врз зградата а истовремено би асоцирал на кинескиот симбол за месечината. На ова голем број од населението протестирало, бидејќи симболиката била многу слична со сонцето на знамето на Јапонија, па кружниот отвор бил заменет со отвор во трапезоидна форма. Деловниот простор е доминантен дел од оваа зграда во која исто така има шопинг центар и хотел кој се наоѓа на последните 18 ката. За изградбата биле вложени 1,2 милијарди американски долари.

4. Меѓународниот комерцијален центар

  • Локација: Западен Коулун, Хонг Конг
  • Архитект: Коан Педерсен Фох
  • Година на отворање: 2010
  • Височина: 484 метри
  • Катови: 118

Петте највисоки облакодери во светотМеѓународниот комерцијален центар започна со изградба во 2002 година. Првичната замисла била зградата да биде 102 ката и да биде висока 574 метри, со што би била втората највисока зграда во светот, но градењето било забрането поради кршење на законот според кој зградите не смеат да бидат повисоки од планините кои ја опкружуваат. На последните 17 ката отворен е луксузен хотел дел од синџирот „Риц-Карлто“ кој воедно е и највисокиот хотел во светот.  За изградбата на овој облакодер биле потрошени 1,4 милијарди американски долари.

5. Кулите Петронас

  • Локација: Куала Лумпур, Малезија
  • Архитект: Цезар Пели
  • Година на отворање: 1998
  • Кула 1
    • Височина: 452 метри
    • Катови: 88
  • Кула 2
    • Височина: 452 метри
    • Катови: 88

Петте највисоки облакодери во светотКулите Петронас иако се наоѓаат на 5-тото место на оваа листа, сепак мора да се напомене дека претставуваат највисоките кули близначки во светот. Двете кули започнале да се градат во 1992 година и според замислениот план тие се поврзани со мост, а целите згради се определени да претставуваат само деловен и канцелариски простор. Интересен факт за овие кули е тоа што се составени од 32.000 прозори, а на вработените им е потребен еден месец за да ги избришат сите барем еднаш. За изградбата на овие прекрасни кули близначки биле употребени 1,6 милијарди американски долари.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Филип Reply

    “Кулите Петронас … според замислениот план се поврзани со мост”

    Мостот е поставен поради искривување на едната кула во текот на изградбата.

    • Кафе Пауза Reply

      Благодариме за дополнителната информацијата. Сепак мостот го има и во оригиналните планови на кулите бидејќи е замислен како највисоко место на кое можат да се искачат туристите и да уживаат во погледот на градот, и за истото задоволство се наплаќа карта.

  2. nenad Reply

    Шангајскиот Светски Финансиски Центар -najgolemiot otvarac za pivo vo svetot

  3. antonuio Reply

    prekrasni se

Остави коментар