Пензиониран изработувач на мебел стана вирален хит со „искршениот“ и невообичаен мебел кој го прави, а е сличен на тој во Дизни филмовите
За изработка на дрвен мебел е потребна голема умешност. За ваквата работа треба многу трпение, знаење, вистински алати и се разбира, многу искуство. Штом ќе ја совладате основата, подготвени сте да ги „оживите“ најнеобичните креации кои се производ на вашата имагинација. Не е важно дали само уживате да гледате предмети од дрво или сте заинтересирани да научите сами да ги изработувате – делата на мајсторот Хенк Верхоев сигурно ќе ве инспирираат.
Неодамна, овој изработувач на дрвен мебел од Нов Зеланд стана вирален хит на Интернет поради уникатниот мебел кој го прави.
Неговата ќерка ги споделила креациите на Хенк на Фејсбук.
Луѓето биле позитивно изненадени и восхитени. Очигледно, Хенк применувал еден поинаков начин на изработка на мебел.
Шкафовите што тој занаетчиски ги изработува изгледаат како оштетени па поправени, но сепак тие се целосно функционални!
Откако привлекол огромно внимание, неговата ќерка Линда решила да креира Фејсбук страница наменета за промовирање на необичниот мебел што тој го прави.
На прашањето за неговиот стил на работа, Хенк изјавил дека го опишува неговиот стил на мебел како „расипан и чуден“. Тој дополнил дека му се допаѓа изработката на необичен мебел бидејќи е нешто што не би го сретнале во продавница.
И додека некој би помислил дека тој е инспириран од бајките, тој тврди дека сите негови креации потекнуваат исклучиво од неговиот „креативен ум“.
Како што можете и да претпоставите според нивниот изглед, овие шкафови не се едноставни за изработка. Како и да е, Хенк е „господар“ на овој занает.
Тој вели дека е тешко да одговори колку време му одзема изработката на едно парче мебел. Но, обично се работи за околу 80-100 часа за време на викендите.
Понекогаш некои деталите или агли од мебелот биле нефункционални, па морал да интервенира. Најмногу употребувал рециклиран бор од Нов Зеланд.
Пред да се пензионира, Хенк бил производител на мебел и вели дека работи со дрво веќе 53 години, но по пензионирањето тоа е само негово хоби.
И покрај тоа што многу луѓе се заинтересирани за купување на овие волшебни шкафови, Хенк вели дека, за сега, тие не се за продажба.
Вели дека почнал да ги создава од искрена љубов, без намера да ги продава. Но, кога ќе нема доволно простор за чување, ќе има аукции на „eBay“.
Засега, шкафовите го красат домот на Хенк.
Линда и нејзиниот татко не очекувале голем интерес, но јасно е дека неговиот мебел вреди за сите пофалби. Тој е изненаден од интересот за неговите изработки.
Да се надеваме дека Хенк ќе продолжи да нè изненадува со неговите несекојдневни парчиња мебел!
Можеби сакате да ги прочитате и овие 18 интересни примери за урбан мебел што ќе ги посакате во вашиот град.