Патувањето на едно бебе во светот на чудата
Дали бебињата сонуваат додека спијат или едноставно спокојно се одмораат? Queenie Liao, артистката и мајка на три момци, ги сподели авантуристичките драми од соништата на нејзиното бебенце Wengenn, додека тоа мирно си спие.
Комбинирајќи ги нејзините артистички способности, имагинацијата и фотографијата, Queenie креирала фасцинантна фотосерија, која ја направила служејќи се со едноставни ткаенини, плишани мечиња и други вообичаени материјали од домаќинството. Со нив, ги создала сцените зад бебето.
Секоја фотографија е уникатна и ја претставува секоја нова, возбудлива епизода од патувањето на нејзиното бебе во светот на бајките. Нејзиниот албум наречен „Wengenn in Wonderland“, е компилација од над 100 креативни фотографии, кои го пресликуваат непрекинатото истражување на Wengenn, во неговата магична земја, исполнета со убавини и чуда.