Претходно
Патување во фантазијата: Слатки цртежи покрај утринското кафе
Чинција Болоњези е артистка која од неодамна развила многу интересно хоби. Таа едно утро појадувала врз црно платно кое обично го користела за работа и додека ги гледала трошките од колачите врз него почнала несвесно да црта приказни. Таа толку многу се внела во нејзината фантазија, што од тогаш ѝ се родила нова и прекрасна утринска навика покрај првата шолја кафе. Погледнете дел од нејзините утрински приказни кои ќе ве одведат на патување во светот на имагинацијата…