Патувај, уживај во животот и фотографирај
Емануел Росарио е фотограф од Њујорк Сити кој ја овековечува младоста, животот, искуствата, патувањата и истражувањето на сè она што животот може да ни го понуди. Растејќи во брз град, тој самиот немал можност да живее таков живот, па токму затоа со неговата фотографија сака да нè поттикне и инспирира да патуваме и да видиме што е она што животот може да ни го понуди.Емануел ни се обрати бидејќи неговата цел е да биде инспирација и мотивација за останатите преку неговите фотографии од патувања:
„Се надевам дека ќе ми помогнете да ги споделам моите патувања со вашите читатели со цел да ја остварам мојата кауза – да ги инспирирам сите да патуваат, да уживаат и да имаат подобар поглед на животот, бидејќи животот е убав и опкружени сме со убави нешта, треба само да застанеме за момент за да ги забележиме“, вели Емануел.
Па народе, застанете за момент и погледнете околу себе. Животот е убав, па што чекате!? Патувајте, уживајте и документирајте ги малите задоволства. Така и вие ќе бидете инспирација за други.
„На крајот, не се важни годините што ќе ги доживееш во животот, туку животот во тие години“ – Абрахам Линколн.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.