Панорамски фотографии од цркви кои изгледаат како граница помеѓу реалноста и фантазијата
Наградуваниот фотограф Питер Ли е познат по неговите архитектонски фотографии. Тој користи панорами за да ја нагласи убавината на веќе неверојатните ентериери. Питер најмногу сака да фотографира катедрали, а тоа резултира со навистина драматични фотографии.
Обрнувајќи внимание на симетријата, композицијата и линиите, делата на Питер веднаш ги освојуваат гледачите. Преку неговиот објектив тој ги истакнува богатите детали и успешно ја доловува целата атмосфера. Интересно е што Питер отсекогаш сакал класична архитектура, но почнал да ја фотографира дури во 2015-та година.
Бидејќи живее во Лондон, тој го „обвинува“ самиот град за неговата страст – разните архитектонски стилови што ги среќава овде никогаш не го оставаат без инспирација. Она што го прави Питер различен од другите архитектонски фотографи е неговата употребана панорама. Бидејќи панорамите најчесто се користат за фотографирање пејзажи, навистина е необично да ја видиме оваа техника применета кај градби.
„Дел од процесот што ме натера да фотографирам панорами е тоа што ми овозможува да видам многу повеќе од објективот. Фактот дека нема да го видам резултатот сè додека не ги спојам фотографиите е истовремено ослободувачки и ме исполнува со исчекување. Апстрактното набљудување на тродимензионалниот простор е фасцинирачко.“
Питер ги гледа неговите дела како фантазија и како реалност. Барајќи инспирација во слики, филмови и игри, Питер ги кани гледачите во неговиот свет на фантазијата.
Продолжува на следната страница…