Овој сексапилен љубител на книги ја претвора неговата масивна библиотека во креативна уметност
Убавите книги можат да ни ја разбудат имагинацијата, а ако се инспирираме од Џејмс Тревино, тие можат да нè поттикнат и на креативни дејства. Ова 24-годишно момче се прослави со аранжирањето на неговата збирка со книги, во разни комплицирани „литературни“ сцени.
Самопрогласениот „книгоинстаграмер“ успеал да собере 120.000 следбеници на Инстаграм, благодарение на неговите богато украсени декорации (и добар физички изглед).
Тој вели дека идејата за да прави вакви креации од книги, случајно произлегла:
„Прво започнав со споделување фотографии со книгите што моментално ги читав. Со тек на време, сцените стануваа сè повеќе и повеќе комплицирани, претежно инспирирани од поп културата, а некогаш и од одредени слики што ги гледам на Инстаграм. Секоја сцена поминува низ дефиниран процес на создавање. Најпрвин, дискутираме околу идејата со мојата блиска пријателка Елизабет. Потоа, откако ќе имаме некоја општа идеја, ние двајца се обидуваме да ја доближиме што е можно поблиску до нашата визија. Доколку испадне дека концептот е премногу голем за да го собере во една рамка, комбинираме две или повеќе фотографии при уредувањето“, објаснува Џејмс.
Темите во неговите аранжмани се од различен тип, но генерално се потпираат на неговите две омилени книги: „Хари Потер и Полукрвниот Принц“ од Џ. К. Роулинг и „Силмарилион“ од Џ.Р.Р Толкин.
Тревино досега има повеќе од 1.100 книги во неговата колекција и не планира да престане да ја збогатува. Засега, неговите креации му се само хоби и ги прави чисто за забава.
„Фактот дека реакциите на гледачите се толку позитивни е прилично неверојатно, но истовремено и ми го затоплува срцето“, продолжува тој.
Погледнете дел од неговата книгоинстаграмерска работа на преостанатите страници, како и линковите до неговите профили од социјалните мрежи, на коишто вели дека обожава да „води долги филозофски разговори на разни теми“ со неговите следбеници.
Креативните фотографии продолжуваат на втората страница…