Овие кучиња ќе ве разиграат, развеселат и ќе ви ги наполнат очите со задоволство
Црни носиња, исплазени јазичиња, ширум ококорени очиња… Зарем има нешто послатко од погледот на радосно куче?
Кејли Гриер е фотографка од Бостон, Масачусетс, која се занимава исклучиво со фотографирање животни. Ја пронашла својата страст за овој вид фотографија уште додека студирала и тогаш сфатила дека не би можела да се занимава со ништо друго.
„Константна потреба ми е да ја ‘ловам’ бескрајната радост и карактеристичниот кучешки дух кој ми овозможува да внесам толку боја и душа во моите фотографии. Среќата и енергијата кои се надевам ги чувствуваат гледачите кога ќе ги погледнат моите слики се директна одлика на жестоката љубов која ја наоѓам внатре во душата на секое куче“ – вели Кејли.
Таа често волонтерски фотографира кучиња од локални засолништа за животни со цел да направи промена во животите на оние кои се бездомни и напуштени.
„Одлична фотографија од осамено куче може да има моќ да го промени неговиот живот, повеќе одошто би можеле да си замислите“ – додава Кејли.
Уживајте во галерија од нејзините фотографии. Ќе забележите дека вашето срце инстантно ќе стане поисполнето и посреќно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.