Овие фотографии ја доловуваат величествената убавина на брановите!
Речиси цела деценија австралискиот фотограф Реј Колинс ги фотографира океаните. Неговите визуелни слики ја истакнуваат моќта, елеганцијата и величественоста на нашите океани, а тоа е видливо и во новата серија слики направени во Австралија, Португалија и на Хаваите.
Преку своите фотографии, Колинс се надева дека гледачите ќе ја преиспитаат својата благодарност за водата. Станува збор за елемент кој не треба да се зема здраво за готово, а кој, сепак, многумина го потценуваат. Фотографот се надева дека на тој начин ќе ги поттикне луѓето да вложат поголеми напори во зачувување на овој витален елемент.
„Мојот најлош кошмар би бил да го видам морето претворено во огромна пловна депонија така што нашите внуци нема да можат да ја ценат убавината што ние честопати ја земаме здраво за готово. Се надевам дека гледачот ќе ја стави природата на прво место наместо да продолжи со користењето пластика за еднократна употреба. На тој начин ќе ги одржуваме нашите океани живи и што е можно почисти за идните генерации“, вели фотографот.
Откако ги погледнавте овие преубави фотографии, можеби ќе сакате да погледнете и 10 фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океаните.
Извор: mymodernmet.com