Овие фотографии имаат хипнотизирачки ефект
Овие фантастични компилации не се резултат на типична фотографија направена со долга експозиција. Наместо тоа, фотографот Фонг Ки Вај за секоја фотографија која е дел од проектот „Time is a Dimension“ (Времето е димензија), многупати фотографира иста локација, во период од 4 часа. Потоа дигитално ги сече сликите во облик на ленти и на крај ги спојува сите селектирани ленти, создавајќи енергични сцени, кои го обележуваат минувањето на времето.Овие интересни градски фотографии се составени од различни периоди во текот на денот, кои искомбинирани заедно, создаваат спектакуларен градиент на светлина. Фонг отсекува прави и криви линии, за да создаде светлина која градира во паралелни ленти или пак се шири од централна точка.
Артистот за својата техника на работа вели: „Повеќето фотографии се направени за момент, а светот не функционира на тој начин. Ние искусуваме серија моменти и поради тоа видеото на некој начин привлекува повеќе внимание, отколку една скаменета рамка… На некој начин, јас сакав да го срушам ограничувањето на снимање само еден миг во фотографијата.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.