Овие чорапи со реалистичен дизајн ќе ги трансформираат вашите стапала во животински шепи
Облеката не само што ве покрива и ја одржува вашата топлина, туку и претставува форма на лично изразување. Освен тоа, таа честопати ви овозможува да ја оживеете вашата бујна фантазија. Сите знаеме дека модниот свет понекогаш знае да полуди, па така ако некогаш сте посакале да се претворите во крзнено животинче, сега имате можност да го направите тоа.
Онлајн продавницата What on Earth дизајнира реалистични чорапи како животински шепи кои можат да ги трансформираат вашите 10 прсти во стапала на куче или мачка.
За да ги создадат овие необични чорапи, дизајнерите користеле фотографии и сублимационен принтер. Сублимацијата е високо квалитетна техника на производство во која сликата се вметнува во полиестерни влакна наместо само да се залепи на материјалот како што се случува во процесот на обичното принтање.
Резултатите се многу живописни, а дизајнот не изгледа испукан и недовршен како во другите процеси. Тоа само уште повеќе ја засилува илузијата дека носите вистински животински шепи.
Што мислите вие за овој тренд? Би носеле вакви чорапи?
Доколку имате малку необичен вкус на облекување, сигурно ќе ве заинтересираат најчудните парчиња облека што можете да ги купите.