Оваа студентка направила цела модна колекција користејќи само 3Д печатач!
Денес 3Д печатењето е еден од светските трендови. Со негова помош може да се создаде што било за многу малку време. Дури и една цела модна колекција. Денит Пелег е неодамна дипломирана студентка на колеџот за инженерство и дизајн Шенкар во Израел, која испечатила цела колекција за нејзиниот завршен проект.
Оваа 27-годишна девојка не знаела скоро ништо за 3Д печатењето кога започнала да го работи проектот, но по 9-месечно истражување таа успеала целосно да го заврши за само 2.000 часа.
„Сакав да се предизвикам да ја испечатам целата колекција користејќи ги домашните 3Д печатачи. Да бидам искрена, исто така сакав да имам слобода да создавам сопствени материјали, а не да зависам од тоа што се наоѓа на пазарот“ – рекла таа за Mashable.
Данит Пелег создала сопствена колекција…
За нејзиниот завршен проект на колеџот за инженерство и дизајн Шенкар.
Но, оваа 27-годишна девојка не се решила за игла и конец…
Туку за 3Д печатач со чија помош ќе создаде една цела колекција во рок од 2.000 часа.
Пелег не знаела многу за 3Д печатењето кога го започнала проектот, па затоа 9 месеци ја истражувала технологијата и многу време посветила во тестирање на различни печатени материјали.
Вели дека откровението настанало кога се запознала со филафексот – нов тип конец кој е многу силен, но и многу флексибилен.
Создала 5 различни изгледи за колекцијата користејќи само специјални конци и Witbox домашни печатачи, а имала и помош од TechFactoryPlus и заедницата на XLN.
Пред да го започне печатењето, со помош на софтверот Optitex таа го цртала секое парче, а потоа го користела софтверот Blender за да создаде виртуелни модели и 3Д фајлови.
New 3D textiles are coming up 🙂 Funtime with #filaflex 💗 @recreus3d A video posted by Danit Peleg (@3d_liberty_fashion) on
Ѝ биле потребни околу 400 часа (околу 17 дена) да ги создаде сите парчиња од колекцијата.
Како главна инспирација во моментите кога ги создавала 3Д дизајните ѝ послужила колекцијата на Андреас Бастијан – Мезоструктуирани ќелијски материјали…
И сфатила како да создаде материјали кои се движат како обичната облека.
It bounces! A video posted by Danit Peleg (@3d_liberty_fashion) on
Целата нејзина колекција е прекрасен спој од мода и технологија…
A bit of the clip about my 3D-printed fashion collection printed at home #shenkar #shenkarfashionshow2015 #recreus3d #3dprinting #witbox #3dliberty #3dprinting #3dprinter #3d #art #makers #3dprinted #makeraddictz #bq #maker #3dprint #3dfashion #elasticfilament A video posted by Danit Peleg (@3d_liberty_fashion) on
И Пелег планира да ја продолжи својата работа со 3Д печатењето и во иднина.
Овој проект е навистина освежувачки, иновативен и авангарден – и во светот на модата, но и во светот на технологијата. Затоа ги заслужува сите пофалби.
A short clip from the fashion show earlier this month. The shoes were printed too! #shenkar #shenkarfashionshow2015 #recreus3d #3dprinting #witbox #3dprinting #3dprinter #3d #fashion #3dprinted #bq #3dprint #3dfashion A video posted by Danit Peleg (@3d_liberty_fashion) on