Оваа необична кафетерија во Сеул ќе ве натера да се почувствувате како да сте влегле во цртан филм
Никогаш не е здодевно да разгледувате живописни објави на Инстаграм од кафетериите и рестораните ширум светот, особено ако постојано имате потреба да го задоволите гладот на вашите очи. Но, помеѓу сите овие достојни за Инстаграм кафетерии, има една што целосно се одвојува од другите и прави да се чувствувате како да сте дел од цртан филм.
Од моментот кога ќе влезете во кафетеријата, вие ќе наидете на сцени извлечени од стриповите, и ќе се почувствувате како да сте го нашле нереалниот влез во светот на цртежите. Па, ако некогаш патот ве однесе накај Јужна Кореа, поточно во Сеул, а сте големи љубители на илустрации, стрипови и цртежи, едноставно не смеете да го пропуштите ова доживување. Оваа мала, но удобна кафетерија била отворена во 2017 година, но нејзината популарност сè повеќе и повеќе расте, најмногу благодарение на Инстаграм.
Продолжува на следната страница…