Оваа маичка е единственото нешто што ви треба ако се изгубите во друга земја

Оваа маичка е единственото нешто што ви треба ако се изгубите во друга земја

Додека да добиеме лесни и преносни преведувачи, ова маичка може да биде најгенијалниот, па дури и најмодерниот аксесоар за патување досега. Наречена е „IconSpeak t-shirt“ и има 40 универзални симболи на предната страна што ви овозможува да комуницирате со локалното население во која било држава или град каде патувате, и покрај јазичните бариери.

Оваа маичка е единственото нешто што ви треба ако се изгубите во друга земја

Креативната маичка била дизајнирана од тројца Швајцарци, Џорџ, Стивен и Флоријан, кои ја добиле идејата додека пиеле доцна во ноќта во Виетнам. Тие велат дека многу пати наишле на јазични бариери кои можеле да ги преминат само ако нацртаат некаков знак или симбол на лист хартија, мапа или на земјата.

„Би било супер ако постои начин трајно да ги носите тие симболи со вас за да можете едноставно да покажете што точно ви треба и луѓето да ве разберат. Започнавме да правиме листа на најпотребните и најосновните симболи кои би биле од огромна помош не само за нашето, туку и за сечие патување“ , велат тие.

Очигледно маичката се покажала како успешен дизајн и моментално е во продажба по локалните продавници и бутици по цена од 33 долари или околу 1.800 денари. Што мислите, би ви помогнала во вашите патувања?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар