Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети
Кристин Х. Меконел е фотографка од Лос Анџелес која нашла совршен начин да ги обнови старите портрети од нејзиното семејство. Крајниот резултат е проект кој прикажува 7 генерации женска убавина од семејството на Меконел, истовремено претставувајќи ги промените во стилот и модата низ времето. Во само 7 фотографии Меконел успева да претстави 200 годишна историја.
Кристин вели дека била инспирирана од старите фотографии во нејзиниот дом. Бидејќи била постојано опкружена со лицата на овие жени, почнала да наоѓа сличности меѓу своите предци и себеси. Оваа игра на Кристин направена со цел да види колку би била слична со своите предци кога би имала иста фризура, облека или шминка се претворила во одличен проект. Освен идентичната фризура, шминка и облека, Кристин користела и дигитални ефекти за да ја долови оригиналноста на времето, а нејзината мајка ѝ помогнала во собирањето податоци за нејзините предци.

Кристин е од десната страна, додека нејзината прапрапра баба Марта, родена 1821, е од левата страна

Меконел како нејзината прапрабаба Џејн, родена во 1858.

Меконел и нејзината прабаба Ати Меј, родена во 1898

Ова е бабата на Кристин, родена 1928

Кристин дури го носи истиот фустан кој го носела нејзината мајка Кетрин (родена во 1957) кога имала 32 години

За крај, ова е „оригиналната“ Кристин, родена 1981

Кристин го завршува овој фото-проект со слика од нејзината „идна ќерка“ која ќе ја продолжи семејната лоза на убави жени
Следете ја Кристин на Инстаграм.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.