Отсега вашите цвеќиња ќе можат да си имаат свое сопствено облаче за дожд
Дизајнерот Јенг Сангбин од Кореа измислил нов и брилијантен начин за одржување на растенијата во вашиот дом. Станува збор за „Rainy Pot“, направа која има слатка форма на облаче и која служи како филтер кој ја претвора водата во капки дожд. Облакот може да собере околу 80 милилитри вода која е подеднакво дистрибуирана врз растението, така што тоа ја добива соодветната количина која му е потребна. Ова облаче е едноставно и забавно за употреба и е совршен начин на кој можете да се грижите за вашите растенија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.