Претходно
Отсега сукањето тесто ќе биде суперзабавно, а печивата и колачите уште повкусни
Полската дизајнерка и пекарка Зужа Козерска ја употребила модерната технологија за да го модернизира традиционалниот кујнски додаток – сукалото, користејќи ласерски гравер. На тој начин ги украсува сукалата со различни гравирани форми кои потоа оставаат отпечатоци на тестото.
Сукалата ги изработува од буково дрво од околината на Варшава. Гравираните форми се најразлични, a муштериите и сами може да си порачаат дизајн по своја желба.