Откријте како да го уредите домот со есенски, шик детали

Откријте како да го уредите домот со есенски, шик детали

Првите нешта што ни паѓаат на ум во врска со пристигањето на есента се секако пократките денови, намалената дневна светлина, дождот и студеното време што на прв поглед и не се баш привлечни. Но, на некои луѓе враќањето дома за време на есенските дождливи денови им причинува вистинска радост бидејќи ги очекува топол дом каде ќе можат да се стоплат, да уживаат во есенските бои и мириси и да почувствуваат мир.

Откријте како да го уредите домот со есенски, шик детали

Изборот на бои е многу важен во уредувањето на домот. Внимателниот избор на боите може да придонесе за хармонија меѓу мебелот и просторот. Покрај тоа, боите играат важна улога во дефинирањето на атмосферата во домот, а исто така, тие се и одраз на луѓето што живеат во него.

За да постигнете шик ефекти и да ја подобрите атмосферата во тмурните есенски денови, ве советуваме да користите интензивни бои при уредување на просторот. Ви препорачуваме бои како темно црвена, боја на авокадо, златна боја, бакарна или портокалова како боја на тиква. Овие топли и богати бои се вистинска отстапка од неутралните тонови. Ѕидовите можат да останат во неутрална боја, но затоа можете да го украсите амбиентот со перници, прекривки и теписи во посмели бои.

Откријте како да го уредите домот со есенски, шик детали

За да доловите удобна атмосфера, доволно е да користите земјени тонови кои му даваат топлина на амбиентот и лесно се вклопуваат со мебелот, па така ќе оставите впечаток на безвременска елеганција и софистицираност. За да постигнете баланс во смелата есенска палета на бои, столовите и масата можат да бидат во неутрални тонови.

Откријте како да го уредите домот со есенски, шик детали

Комбинацијата од неутрални и живописни тонови придонесува за доловување на топлината на есента. Овој сплет од бои е присутен и во природата. Користете го истиот принцип и во вашиот дом – нека мебелот е во неутрални нијанси, а декоративните елементи нека бидат во посмели бои. Можете да ја додадете и сината или розовата боја за да се постигне контраст со есенските бои.

Откријте како да го уредите домот со есенски, шик детали

Можете да постигнете контраст и доколку комбинирате црвено-портокалови нијанси што се типично топли бои на есенскиот амбиент со ладна виолетова боја за создавање пријатна атмосфера во вашиот дом.

Откријте како да го уредите домот со есенски, шик детали

Доколку ви се допаднаа нашите предлози за уредување на просторот со есенски, шик детали, ви препорачуваме да прочитате и како најубавите есенски украси од природата да станат дел од вашиот дом.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар