Освежете ги ѕидовите: 6 начини да вметнете тапети во домашниот декор
Веројатно досега кога сте помислувале на тапети ви доаѓала слика на некој излитен и стар цветен дезен, но ние сме тука за да го промениме тоа. Тапетот не мора да биде старомоден или едноставен, всушност постојат многу модерни и софистицирани начини да инкорпорирате тапет во домот.
Немате сопствен дом или не сакате да имате тапети засекогаш? Нема проблем. Постојат многу неверојатни тапети кои можат да се тргнат. Без разлика дали сакате да поставите тапет низ целата соба или да додадете малку шарм на ѕидот зад полицата, ние имаме неколку прекрасни предлози за вас!
1. Акцентирајте го ѕидот
Еден од најдобрите начини да додадете шарм во просторот е да го акцентирате ѕидот – оној зад каучот или креветската плоча е многу популарен избор. Сепак внимавајте, дезенот што ќе го одберете треба добро да се вклопува со другите бои во собата.
2. Погледнете горе
Ако сте подготвени на ризик и сакате малку поавангарден изглед, тогаш пробајте да ставите тапет на таванот. Така ќе додадете малку текстура на просторот, а сепак нема да претерате.
3. Тапет наместо плочки
Употребата на плочки може да биде многу скапа и да ви одземе многу време. Затоа размислете да употребите интересен тапет кој ќе ја развесели вашата кујна или бања.
4. Тапет во вид на табла
Овие тапети ви даваат можност самите да го уредите вашиот дизајн, да правите листи, да запишувате потсетници и да си го организирате денот.
5. Тапет во мал простор
Ѕидовите со дезени изгледаат неверојатно, особено оние во мали простори. Бањата и ходникот се одлични простории за да инкорпорирате тапет во домот.
6. Употребете тапет надвор од ѕидот
Ако не ви се ризикува и не сакате да се посветите на цел ѕид, тогаш правете бебешки чекори. Постојат многу мали начини да вметнете тапети во домашниот декор без да се обврзете на еден цел ѕид. Исто така, ако имате вишок или неупотребена хартија, тогаш можете да ја искористите на полицата за книги, скалите и сл.