Одлични минималистички постери со познати цитати
Артистот од Торонто, Рајан Мекартур, се занимава со дизајн уште од дете. Започнувајќи со цртежи со мрсни боички на свежо бојадисан ѕид, па сѐ до дизајнирање со глувче и тастатура на компјутерски монитор, неговите артистички способности му овозможиле да ја следи кариерата која тој навистина ја сака. Погледнете ги наредниве одлични минималистички постери кои биле инспирирани од познати цитати.

Руми: Ти не си капка во океанот. Ти си цел океан во капка.

Томас Едисон: Генијалноста е еден процент инспирација и деведесет и девет проценти препотување.

Ралф Емерсон: Штом донесеш одлука, целиот универзум прави завера за да ја оствариш.

Оскар Вајлд: Бидете свои; сите останати се веќе зафатени.

Томас Мур: Ако ги полните чашите со вода, никогаш нема да напишете нешто мудро.

Чарлс Рид: Уметноста не е имитација, туку илузија.

Руми: Животот е рамнотежата помеѓу држењето и пуштањето.

Оскар Вајлд: Умереноста е нешто фатално. Ништо не успева како претерувањето.

Виктор Иго: Сите животни можат да се најдат во еден човек и секое од нив живее во некои луѓе, понекогаш и по неколку одеднаш.

Алберт Ајнштајн: Животот е како возење велосипед. За да ја одржувате рамнотежата, мора да продолжите да се движите.

Волтер: Животот е како бродолом, но не смееме да забораваме да пееме во чамците за спасување.

Семјуел Џонсон: Природата никогаш не дава сè одеднаш.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.