Одблесокот на Париз
Повеќето луѓе кога го посетуваат Париз, ги прават истите фотографии од познатите обележја на градот како што се Ајфеловата Кула, Музејот Лувр и Триумфалната порта. Живеејќи 4 години во Париз, историчарката на уметност, Џоана Леманска, го гледа градот во едно сосема поинакво светло. И покрај тоа што и таа ги фотографира истите популарни знаменитости, Џоана сепак успева да ги прикаже на еден свеж и уникатен начин. Служејќи се со нејзиниот фотоапарат и Ајфон 4, таа пронаоѓа вирови или предмети кои прават отсјај како огледала, стакла и метали и ги употребува за да создаде неверојатно убави рефлексии.
„Уживам во секакви видови рефлексии и немам некои особени преференции кон градот Париз. Нив може да ги пронајдам и во Лондон, Берлин или во Њујорк. Но, живеам во Париз, па затоа е сосема природно тоа што повеќето од моите фотографии се направени овде. Она што јас го гледам во рефлексиите, е перфектна композиција и естетско задоволство. Понекогаш рефлексиите ни даваат уникатен, акварелен изглед на фотографиите. Другпат, тие прават фотографијата да изгледа футуристички. Фотографирањето рефлексии за мене е како забавување во детско игралиште, бидејќи јас навистина уживам пронаоѓајќи поточиња и лизгави површини, само за да видам каков различен ефект на фотографијата, можат да понудат.“
Доколку го разгледате нејзиното портфолио, ќе забележите дека таа навистина ужива во фотографирањето елементи коишто се повторуваат, како и симетрија пронајдена во архитектурата или природата. Фокусирајќи се на сите овие квалитети, таа ни дава една обновена почит кон сето она што овој магичен град има да ни го понуди.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.