Од птичја перспектива: Неверојатни фотографии од колоритниот Шангај
Германскиот фотограф, дигитален артист, директор за дизајн и авантурист, Марк Сигмунд, направил неверојатни фотографии од Шангај со помош на дрон. Сигмунд веќе некое време живее во оваа кинеска метропола и не пропушта ниту еден ден за да направи ново ремек-дело. Овие фотографии ја овековечиле чудноста на самиот град, покажувајќи ни го контрастот помеѓу традиционалното и модерното. Но, како и секој голем град, така и Шангај се менува побрзо одошто сме свесни, па тој честопати наидувал на Шангајци што му велеле да погледне подобро, бидејќи најверојатно тие градби набрзо нема да постојат. Тоа е дополнителна причина за овој фотографи да го зачува моменталниот сјај на овој неверојатен град…
Продолжува на втората страница…