Претходно
Очи широко отворени кон сонот
Mikko Lagerstedt е графички дизјанер и фотограф од Финска. Тој е аматер во својата работа и допрва учи како да го доживува светот околу него. Започнал да се занимава со фотографија во декември, 2008 година и оттогаш е вљубен во неговата работа.
И покрај тоа што Мико не е искусен фотограф, мора да му се оддаде признание за неговиот исклучителен вроден талент и чувство за создавање приказна и мистика во неговите дела. Неговите фотографии потсетуваат на соништата, оние кои не ги паметиме баш јасно.