Објект целосно замрзнат однатре
Кога архитектонскатa компанија од Чикаго „Hartshorne Plunkard“ добила задача да претвори објект кој се наоѓа во реонот за месопреработувачка, во објект за производство на велосипеди, прво нешто што нејзиниот тим требал да стори, е да го одмрзне целиот простор. Откако бил користен како складиште за замрзнато месо во текот на цели 9 декади и поради лошо одржување, целиот ентериер на објектот бил целосно покриен со „вонземски“ мразулци.
Пред тимот да започне да ги одмрзнува дебелите слоеви мраз со пропански грејачи, фотографот Гери Џенсен ја искористил несекојдневната прилика да направи неколку одлични фотографии од надреалниот ентериер. Откако ќе поуживате во интересните фотографии, погледнете го и „time lapse“ видеото, за да видите како постепено се топел масивниот ладилник.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.