Новиот тренд за украсување на домот се куќните растенија

Новиот тренд за украсување на домот се куќните растенија

Внесувањето растенија во домот не е ништо ново. Тоа е практика што е со нас веќе многу години. Но, причините и мотивациите за тоа се менуваат низ генерациите. Во раните денови, академските истражувачи тврдат дека станува збор за функционален избор, односно метод што луѓето го користеле за прочистување на воздухот во затворените простории и намалување на лошите мириси. Подоцна стана симбол на богатството, естетиката и убавината.

Љубителите на растенијата во последно време ги претвораат домовите во зелени империи и секојдневно ја пресоздаваат естетиката на шумата. Оваа година овие растенија се тренд во домовите, а еве и како треба да се грижите за нив.

1. Фикус

Колку е поголем, толку подобро. Можете да купите големи примероци во градинарски центри и продавници. Фикус не бара многу внимание. Едноставно ставете го во омилениот дел од домот и не грижете се.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Joshua Henry (@206monstera)

2. Парлор палма

Овие примероци на тропски палми можат да растат многу големи, а во вашиот дом веднаш ќе донесат допир со џунглата. Сакаат светло и наводнување еднаш неделно, а исто така е едно од оние растенија што може лесно да се одгледуваат.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de @plntgng

3. Маслиново дрво

Маслиновото дрво е омилено и сите го сакаме во ентериерите. Можете да се грижите лесно за ова дрво, но во зима треба да се чува во стан или куќа на осветлено место, а во пролет или лето на отворено. Не е потребно често наводнување, туку само кога почвата е премногу сува, а ако има вишок вода во чинијата, треба да се исцеди за да се спречи гниењето на коренот.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Land of Pillows (@landofpillows)

4. Дрво за привлекување на парите

Ова дрво е апсолутен хит во секој ентериер. Според Фенг Шуи, ова растение носи среќа и добра енергија. Со својот заводлив изглед, а особено поради испреплетеното стебло, тој е идеален цимер за вашите други растенија. Ако немате трпеливост да чекате да порасне, можете да купите веќе големи дрвја во градинарските центри.

5. Драцена

Ова е растение за кое не треба да се грижиме многу. Со препорачано наводнување еднаш на секои две недели, ова растение е идеално за секој агол од станот или куќата. Драцената ќе го донесе мирисот на шумата и природата во вашиот ентериер!

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Laura Olden (@savagehouse1970)

Погледнете ги овие фотографии кои се доказ дека вазната со цвеќе може да го разубави домот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар