Нов тренд во светот на тетоважите ни носи целосно црно обоени големи делови од телото
Заборавете на шарените, светкави и бели тетоважи, бидејќи ни доаѓа нов и необичен тренд: целосно црни тетоважи! И покрај тоа што поголемиот дел од дизајните со масло на кожата имаат интригантни форми и светли бои, овие тетоважи вклучуваат целосно црно обоени големи делови од телото. Најчесто тие се изработуваат на рацете и нозете, но неретко се наоѓаат и на други делови од телото, како градите, грбот и стомакот.
Линџоџо’з, од Сингапур, е една од личностите кои имаат вакви тетоважи. Таа најпрво почнала така што прекривала други тетоважи, но сега нејзините гради и десната рака ѝ се целосно прекриени со црно мастило. Тетоважите, кои биле направени од Честер, во „Oracle Tattoo“ во Сингапур, вклучуваат исцртано деколте и ружа на нејзината рака.
Артистот за тетоважи, кој е познат по работата со овој вид дизајни, ја објавил својата работа на Инстаграм каде што добил повеќе од 6.000 лајкови. Линџоџо’з и претходно објавувала фотографии од тетоважата, додека била во изработка, покажувајќи ни како почнала да прекрива нешто што изгледа како големо парче од скелет. Таа сè уште не планира ништо со другата рака, бидејќи е задоволна како сега изгледаат нејзините тетоважи.
Други популарни целосно црни тетоважи вклучуваат големи црни делови кои избледуваат на рабовите и не изгледаат толку грубо како обичните. Еден маж дури решил целото тело да го тетовира на овој начин, оставајќи празни само мали линии од неговата кожа, создавајќи симетрични линии. Дали вие би се осмелиле за ваков вид тетоважа?
Погледнете ги и останатите фотографии кои можат да ви послужат како инспирација за ваков вид тетоважи…