Неверојатно видео: Артистка танцува под вода цели 6 минути

Неверојатно видео: Артистка танцува под вода цели 6 минути

Артистката и подводна кореографка Џули Готје, како дел од нејзиниот перформанс танцувала во најдлабокиот базен во светот. На видеото Џули танцува неколку минути под вода пред да излезе на површината.

Неверојатно видео: Артистка танцува под вода цели 6 минути

Името на краткиот филм, „Ама“, потекнува од јапонскиот збор за „жена од морето“ и е посветен на сите жени во светот. Филмот е сниман во најдлабокиот базен во светот во близина на Венеција, Италија.

Неверојатно видео: Артистка танцува под вода цели 6 минути

„Ама е нем филм. Раскажува приказна што секој може да ја толкува на свој начин врз основна на своето искуство. Нема наметнување, само предлози. Сакав да ја споделам мојата најголема животна болка во овој филм. За да не биде премногу сурово, тоа го покрив со грациозност. За да биде полесно, го сместив во вода. Им го посветувам овој филм на сите жени во светот“, изјавила Џули.

Неверојатно видео: Артистка танцува под вода цели 6 минути

Уживајте во неверојатното танцување под вода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар