Неверојатните неофутуристички градби на Заха Хадид, најпознатата жена во светот на архитектурата
Работата на најпознатата жена во светот на архитектурата е навистина генијална. Заха Хадид е еден од најистакнатите архитекти на нашето време. Во 2004 година, таа станала првата жена добитник на наградата за архитектура „Прицкер“ за која се вели дека е Нобелова награда за архитектите.
Професорката Хадид секогаш е зафатена со претворањето на нејзините брилијантни идеи и дизајни во реалност. Сигурно нема да ги помешате нејзините дела со нечии други, благодарение на нејзиниот различен неофутуристички пристап. Повеќекратните остри агли и геометријата на фрагменти даваат импресија дека нејзините дизајни доаѓаат од вселената. Во продолжение погледнете неколку од најдобрите дела на Заха Хадид. Некои од проектите се веќе завршени, додека други сè уште се во изработка.