Претходно
Неверојатни уметнички дела направени од мастило, чај, алкохол и везови
Откако случајно ја натопил својата четка во чаша виски, артистот Карн Грифитс продолжил да експериментира со необични материјали за да создава неверојатни уметнички дела. На почетокот работел со тесна палета бои, но по овој „инцидент“ тој целосно го променил начинот на работа, вклучувајќи неонски и флуоресцентни бои, како и мешање различни техники (во овој случај везови). Тој ужива во хаосот кој го создава, патувајќи во непознатото и играјќи си со течности кои никој не би помислил да ги користи во уметноста, како чај или вотка. Погледнете ги неговите дела кои едноставно го одземаат здивот…