Неверојатни уметнички дела изработени од храна
Интересно несекојдневно хоби за изработка на минијатурни ремек-дела од овошје и зеленчук…
„Пред 6 месеци дадов отказ од работа за да го преиспитам мојот живот. Почнав да создавам скулптури од храна и да ги објавувам на Инстаграм под името ‘Мundane Matters’ како начин на медитација и себеспознавање. Забавата од спознавањето на мојот ум и можностите што ги нудат овошјето и зеленчукот се неверојатни. Полека создадов навика за правење скулптури и нивно фотографирање секој ден. Оттогаш поминаа шест месеци.“
Еве неколку совети од авторот за тоа како да бидете креативни секој ден.
1. Суштински е да имате пасија за да создадете креативна навика.
2. Откријте различни начини на изработка за да ја задржите дневната рутина.
3. Правете го ова континуирано 21 ден.
4. Наградете се себеси.
5. Бидете самокритични и разберете зошто би се откажале.
6. Релаксирајте се кога немате нови идеи!