Неверојатни подводни фотографии што се подраматични и од барокните ремек-дела
Фотографката Кристи Ли Роџерс од Хаваи била опседната со вода цел живот, а нејзиниот последен проект „Музи“ го нагласува токму ова. Пионерката на подводната фотографија развила толку напредни стил и техника што добила и интернационално признание. Нејзините дела го прикажуваат уникатниот квалитет на прекршувањето на светлината во вода, а целта ѝ е да ја почитува и истражи слабоста на нашето постоење. Нејзините фотографии изгледаат како драматични слики од 17-тиот век.
„Сакам вода и среќна сум кога врне, па тоа е природна врска. Пораснав на остров опкружена со вода. Прво бев привлечена од природните контрасти во водата на слободата, бестежинската состојба, просторот и смиреноста, а од другата страна неспособноста за дишење, ранливоста, притисокот и хаосот. Ова е моќна алатка да се прикаже истиот контраст во животот, особено кај човештвото.“
„Мојот ум е хаотичен. Инспирацијата ми доаѓа од секаде и во сите форми. Наоѓам инспирација и во дивите и романтични приказни од стариот фолклор, грчката митологија, Атлантида, делата на Толкин, поезијата на Микеланџело, идеите зад ренесансата, текстовите за просторот и времето, музиката на Ханс Зимер и Coldplay… Но, најчесто инспирацијата ми доаѓа од убавината и лудилото на човештвото, вклучувајќи ја и мојата.“
Барајќи надеж и слобода, Роџерс почувствувала дека мора да се искаже на овој начин. Или нејзините „Музи“ оживуваат, или таа се распаѓа. Но, самиот процес не е толку едноставен.
„Пред секое фотографирање сум нервозна, но не знам зошто. Мислам дека тоа ќе бидат последните фотографии што ќе ги направам. Се обидувам да го однесам гледачот на место што не е овде, а во тоа има некоја замагленост. Понекогаш треба да чувствувам и да не размислувам премногу.“
1. „Рапсодија“
2. „Љубовта живее“
3. „Нашите надежи и очекувања“
4. „Обединувањето на Кетрин, Кери и Џин“
5. „Хармонија“
6. „Милост, мудрост и увид“
Продолжува на следната страница…