Неверојатни пејзажи отсликани во огледало
Фотографот Коди Вилијам Смит го отсликува светот преку овие неверојатни рефлектирачки пејзажи. Серијата фотографии наречена „A moment’s reflection“ вклучува огромно тркалезно огледало кое е сместено на земја, во песок или во море. Стоејќи исправено и делумно закопано, огледалото создава пречка во типичниот пејзаж рефлектирајќи друг предел кој се наоѓа во близина.
Прекрасниот аранжман создава хармонична рамнотежа помеѓу неколку реалности кои се поврзуваат на неочекувани начини. Некои кружни формации се истакнуваат во однос на потемното опкружување и го покажуваат светлото небо во далечините, додека пак, други природно се поврзуваат во оптичка илузија предизвикана од различните форми.
„Мојата намера е да создадам нови врски помеѓу познатите форми така што воведувам спектакуларни отсликувања во околина каде што тие не би требало да постојат. Огледалата служат како фокална точка во рамките на секоја сцена, но исто така имаат и функција на прозорец кој овозможува сосема уникатна перспектива на истата локација,“ вели Смит.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.