Неверојатни пејзажи од храна
На прв поглед можеби нема да забележите ништо невообичаено и овие пејзажи ќе ви изгледаат сосема нормално, како некој да ги насликал. Но, кога ќе погледнете одблизу и кога ќе ги забележите дрвјата од броколи и морската бура од зелки, ќе ви стане јасно дека некој всушност добро си поиграл и дека секое делче на фотографијата е изработено од некаков вид храна.За овие фотографии да изгледаат совршено се погрижил фотографот Карл Варнер. Тој долго време работел на реклами за храна, па оттаму ја добил идејата за ваков тип фотографии. Тој вели дека целата работа понекогаш може да биде исцрпувачка. Свежата храна брзо венее од влијанието на светлото, па затоа треба брзо да се работи. За да го добие посакуваниот ефект, потребни му се два-три дена за да ја направи фотографијата и уште два-три дена за обработка на истата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ME RELAKSIRA OVA CUDO OD SLIKI ZASTO MNOGU SAKAM ZELENCUL ,BOG DA MU JA PROSVETLI MISLATA NA TOJ STO GI PRAVESE -POZZ