Неверојатни пејзажи од фантазиите
Некои работи со сигурност никогаш нема да можете да ги видите со сопствени очи, но токму поради тоа постои имагинацијата. Употребувајќи комбинација од сопствени фотографии и од дела на други фотографи, Нејтан Спотс создал неверојатни пејзажи кои се наоѓаат само во нашите најдлабоки фантазии. Нејтан дипломирал на Академијата за уметност во Сан Франциско и досега неговите дела биле објавувани во различни списанија за уметност и дизајн како и во неколку книги. Дел од неговата работа го пронашла своето место и во неколку галерии. Тој вели дека сè околу него му е инспирација и дека го третира фотографирањето како негов најдобар пријател.
„Отсекогаш сум бил маѓепсан од убавината на нашиот свет и честопати сонувам за нештата кои се наоѓаат малку подалеку од она што можеме да го видиме. Сакав да создадам фотографии од сцени кои не се многу реални, но кои скоро и би можеле да бидат“, вели тој.
Мора да признаеме дека навистина постои магија во неговата уметност. Погледнете ги и останатите дела на Нејтан…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.