Неверојатни митски суштества: Достоинствената убавина на мачките мејн кун
Фотографот Роберт Сијка ви ги претставува мачките мејн кун, најголемата припитомена раса на мачки. Тие се најблиските животни до рисот што можете да ги чувате дома без да се грижите за вашата безбедност. За Сијка, мачките отсекогаш биле достоинствени суштества, речиси митски, а сега тој успеал да пронајде нов начин на којшто може да се долови нивната убавина.
„Отсекогаш сум сакал мачки и фотографија. Давам сѐ од себе да ги искомбинирам двете најдобро што можам“, вели фотографот.
И тој навистина успеал да ги искомбинира неговите интереси преку серијата фотографии од мејн кун мачки на кои тие изгледаат како да имаат благородно потекло.
Погледнете ги нивните неверојатни портрети и восхитувајте се на нивната беспрекорна убавина…