Неверојатни илустрации: Како би изгледале принцезите од Дизни кога би живееле во 2017 година?
Изминативе години се имаме изнагледано современи верзии на принцезите од Дизни со кои сме пораснале. Овој пат ќе ја погледнеме најновата замисла на дигиталната уметница Фернанда Суарез од Чиле, која можеби е и најдобрата досега.
Таа започнала со Снежана во јули и продолжила да ги илустрира останатите 6 принцези во модерна верзија. Тие изгледаат како да излегле директно од некоја модна ревија или Јутјуб канал. Овие современи принцези од 2017 година веројатно објавуваат селфиња со нивните принцови на Инстаграм и сите се согласуваат дека најдобрата сенка за очи е неутралната. Освен тоа, сигурно се залагаат на социјалните мрежи за правата на џуџињата, морскиот свет и дивината.
Доколку не ја најдете вашата омилена принцеза помеѓу овие илустрации, треба да знаете дека Суарез сѐ уште работи на нејзините дела и моментално собира гласови од јавноста за да одлучи која модерна принцеза да ја илустрира нареден пат. Рапанзел и Мерида се моменталните фаворити! Погледнете ги нејзините неверојатни илустрации и дознајте како би изгледале принцезите од Дизни кога би живееле во 2017 година…
Мулан
Бела
Ариел
Јасмин
Покахонтас
Пепелашка
Доколку ви се допаднаа овие илустрации, вреди да ги погледнете и принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век.