Неверојатни хартиени скулптури кои неизбежно предизвикуваат восхит

Неверојатни хартиени скулптури кои неизбежно предизвикуваат восхит

Автор: Сања Петровска

И токму кога помислувате дека ништо повеќе не може да ве воодушеви, се појавува уметност како оваа на Ерик Стендли која ве остава без зборови. Ерик Стендли е асистент-професор по студиска уметност и уметник од Вирџинија чија колекција на хартиени скулптури исечени со ласер предизвикува восхит кај секој кој ќе ги погледне. Инспириран од готската и исламската архитектура, тој креира неверојатни инспиративни форми од хартија кои многу наликуваат на минимизирани делови од некоја катедрала.

1-neverojatni-hartieni-skulpturi-koi-neizbezhno-predizvikuvaat-voshit-kafepauza.mk

Скулптурите кои ги создава Ерик се со голема комплексност, а за нив вели дека се поврзани со бесконечноста, т.е. се обидуваат да презентираат нешто што не е дури ни човечко.

И додека неговите дела инспирираат многу, тој својата инспирација ја има пронајдено на не толку неверојатно место. Имено, тој идејата ја добил сосема неочекувано кога случајно открил декоративен дизајн на кутии од житарици. По ова, тој решил да ја истражи оваа техника, а резултатот се овие прекрасни фигури.

2-neverojatni-hartieni-skulpturi-koi-neizbezhno-predizvikuvaat-voshit-kafepauza.mk

Неговата работа започнува така што тој најпрво го црта дизајнот на хартија со цел да може да испланира како да ги исече поединечните слоеви. Потоа ги испреплетува слоевите хартија притоа создавајќи воодушевувачки 3D ефект. Креирањето на една скулптура може да трае дури и до неколку месеци.

 

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар