Неверојатни фотографии од живописната градба Ел Капричо на Гауди
Иако поголемиот дел од ремек-делата на Антони Гауди се наоѓаат во Каталонија, постои неверојатна градба лоцирана во Северна Шпанија. Ел Капричо е неверојатна вила направена од Гауди помеѓу 1883-та и 1885-та година како летна вила за еден богат патрон. Позната и како Вила Кихано, оваа живописна градба е одличен пример за раните дела на Гауди.
Неодамна, фотографот Дејвид Карделус направил серија фотографии што ја прикажуваат генијалноста на Гауди која се гледала уште на почетоците на неговата кариера. Дејвид кој живее во Барселона, фотографирал многу градби на познатиот архитект, но Ел Капричо е приказна за себе.
„Би можел да кажам дека Ел Капричо се разликува од останатите дела на Гауди што ги имам фотографирано, најмногу поради палетата на бои. Вилата е суптилна рамнотежа помеѓу зелена и портокалова, со доминантна зелена нијанса која одлично се вклопува со опкружувањето – огромни дрвја и секогаш зелени ридови и планини.“
Вистински предизвик е да се најде хармонија и рамнотежа во силната палета на бои на Гауди, но Дејвид успеал да го покаже квалитетниот дизајн додека истовремено го прикажува и опкружувањето.
Со фотографии направени оддалеку, како и фотографирање на деталите, фотографот ни овозможува да го забележиме различното влијание на Гауди. Кулата над предниот влез покажува влијание од ориенталното, додека кованото железо и шарените тули се доказ за трендот југендстил (арт нуво).
Продолжува на следната страница…