Неверојатни фотографии направени со дрон што ги откриваат сокриените дезени во нашиот свет
Иако фотографира само 6 години, индонезискиот фотограф Демас Русли многу брзо ја развил својата вештина. Неговите фотографии направени со дрон нудат навистина уметнички поглед кон пејзажите на Австралија. Демас е архитект, а фотографирањето му е хоби, кое често го води на патување во и околу Сиднеј.
Демас прв пат се заинтересирал за фотографирањето кога му помагал на неговиот братучед кој е професионален фотограф. Кога ја забележал интеракцијата помеѓу братучед му и клиентите, тој се инспирирал и го купил неговиот прв фотоапарат.
Направил и профил на Инстаграм и почнал да ги објавува неговите дела. Позитивните коментари го мотивирале да продолжи и денес има над 100.000 следбеници.
Знаењето од областа на архитектурата веднаш се забележува на неговите фотографии. Хармонијата на линиите, употребата на геометријата и симетричната композиција зборуваат за неговата професија.
„На моите фотографии големо влијание имаат линиите, геометријата, симетријата и рамнотежата, но секогаш се обидувам да вметнам и човечка фигура. Ова е нешто што го научив на факултетот за архитектура.“
Продолжува на следната страница…