Неверојатна уметност од стари касети
Се сеќавате на оние чудните нешта наречени аудио касети? Технологијата дефинитивно се променила многу од тогаш. Ерика Ирис Симонс е артистка попозната како iri5. Таа во својата уметност употребува нетрадиционални медиуми како стари книги, аудио касети, списанија, кредитни картички, шпил карти… Еден ден, средувајќи го својот стар автомобил, Ерика Ирис налетала на аудио касета со песни од Џими Хендрикс. Ова откритие ја инспирирало да го нацрта артистот употребувајќи ја старата касета и на тој начин настанала оваа креативна идеја.
Гледајќи колку внимание привлекло нејзиното дело, таа се инспирирала да направи многу повеќе. Нејзините дела биле комбинирани во серија од фотографии наречена „Ghost in the Machine“ (Духот во машината). Таму можете да најдете голем број славни актери и музичари како Боб Дилан, Мерлин Монро, Мадона, Боб Дилан, Роберт де Ниро и многу други.
„Прекрасно е чувството да се работи со чудни и стари материјали. Со нешта кои имаат свој ум. Поголемиот дел од работите кои ги употребувам се фрлени или донирани. Работи на кој им поминало времето кога биле хит, како што е впрочем со некои од најдобрите нешта во светот“ – вели Ерика Ирис Симонс.
Тоа што таа успеала да го создаде со овие стари аудио касети е навистина иновативно. Се надеваме дека нејзината работа и вас ќе ве инспирира.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.