Неверојатна модерна книжарница во Кина

Неверојатна модерна книжарница во Кина

Кинескиот град Ксиан станува центар на архитектурата и дизајнот со помош на дизајнерот Томоко Икегаи, од компанијата IKG inc. Книжарницата и комерцијалниот центар YJY Maike Centre Flagship дава топло и модерно чувство, што ги сместува книгите и знаењето во центарот.

Неверојатна модерна книжарница во Кина

Со цел да го направи местото да изгледа и како библиотека и како галерија, Томоко ги спојува концептите на две нивоа, на површина од речиси 4.500 метри квадратни.

Имајќи цел да создаде амбиент каде што луѓето, културите и книгите од целиот свет ќе се спојат, тој ја нагласил литературната тема низ целиот ентериер. Посетителите веднаш влегуваат во концептот, и уште на влезот ги пречекува полица за книги од 10 метри. Отворениот осветлен простор над скалилата е исполнет со „летачки“ парчиња хартија, кои само чекаат да бидат испишани.

Неверојатна модерна книжарница во Кина

„Библиотеките се места за учење и ценење на независното време, додека галериите се како интелектуални простори за изложување на културата. Овој дизајн ги комбинира елементите од двете и вклучува карактеристики од архитектура на палата, со цел да ги охрабри посетителите и продавницата да соработуваат и да споделуваат идеи“, изјавил Томоко.

Томоко црпел инспирација и од јапонските и кинеските палати, играјќи си со големината на просторот и уредувањето на поврзаните простории. Интимните места за седење и богатите дрвени тонови го прават ентериерот удобен и даваат рамнотежа покрај големата архитектура.

Неверојатна модерна книжарница во Кина

Вториот кат на книжарницата е направен како лоби. Со цел да се зголеми чувството на гостопримство, има и кафетерија која охрабрува социјализирање. На ова ниво е претставен концептот на Томоко за галеријата. Ниските тавани, темниот под и кутиите за изложување создаваат атмосфера на галерија и одлично се врзуваат со книжарницата на подолниот кат.

Неверојатна модерна книжарница во Кина

Неверојатна модерна книжарница во Кина

Неверојатна модерна книжарница во Кина

Неверојатна модерна книжарница во Кина

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар