Неверојатна метро станица
Убавите шарени ѕидови, фреските со цртежи од човечката историја, интересните и креативни ознаки и неверојатната чистота се само дел од карактеристиките на овој метро систем. Се наоѓа во Стокхолм, Шведска кој првично датира од 1950 година.
Последните измени и доработки за оваа станица биле направени во 1994 година со што денес оваа подземна железница се смета за една од најкреативните и најуметничките во светот.
Овој систем се состои од вкупно 100 станици од кои 47 се подземни, а 53 надземни. Подземните станици се оние кои се од наш интерес. За многу од нив се користени органски материјали при изградбата и темелите се оставени необработени за да ја задржат својата природна форма, која е дел од декорациите на самата станица.
Станицата Kungsträdgården е наречена станица на скулптури, кои се чини, потекнуваат од многуте срушени објекти во време на повторниот развој на Стокхолм, за време на 50-тите и 60-тите години. Да се зборува за оваа најдолга подземна уметничка галерија, би било излишно, па затоа оставаме сликите да си ја завршат својата работа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.