Неверојатен свадбен подарок од една невеста од Нов Зеланд за својот тазе маж
Автор: Сања Петровска
Сите девојки се во потрага по принцот на бел коњ: убав, шармантен, паметен и романтичен. Некој што ќе им го разниша целиот свет и секој ден ќе прави одново да се заљубат во него. И кога ќе го најдат својот принц сѐ си доаѓа на свое место, се радуваат, плачат, сонуваат заедно. Патешествие кое стрпливо ги води кон започнување заеднички живот со таа личност покрај себе.
Белинда и Кембл се пар од Ванака, град во Нов Зеланд, кои решиле нивната љубов да ја крунисаат со брак во родното место. И кога секој можеби би помислил дека Кембл е тој што ќе приреди некакво изненадување за својата невеста, трофејот за подарување неверојатен свадбен подарок ѝ припаѓа токму на Белинда. Таа решила да го изненади својот тазе маж на денот на нивната свадба, така што изнајмила хеликоптер кој веднаш по свадбената церемонија ги зел и ги однел на неверојатни планински места прелетувајќи преку преубавото езеро Ванака. Таму, фотографот Ерик Роналд ги овековечил нивните први моменти како маж и жена правејќи фантастични фотографии додека се искачувале на самиот врв на планината. Според зборовите на премногу возбудениот Кембл, местото каде застанале било доволно големо колку за хеликоптерот да може да слета таму.
Впивајќи ја со поглед целата убавина пред нив и држејќи се за раце со љубовта на својот живот, Белинда и Кембл биле фотографирани на врвот на планината над Ванака. Иако ветрот, како и вообичаено немирно дувал целиот ден, фотографиите направени тогаш не можат да се опишат со зборови.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.